(ФОТО) „СИЦИЛИЈА ВО СКОПЈЕ“: БОЈАН ЈОВАНОВСКИ СЛАВИ РОДЕНДЕН

Добивај вести на Viber

Сопственикот на телевизијата „1ТВ“, Бојан Јовановски, денеска наполни 32 години. „Италијанска прослава за мојата 32-ка! Мала Сицилија во Скопје“, напиша поранешниот шоумен на својот профил на „Инстаграм“.

Фотографија од забавата на социјалните мрежи сподели и неговата блиска пријателка, водителката Лила Стојановска. Меѓу првите гости пристигнаа и стилистот Сергеј Варошлија и новинарката Анета Кочишки, и двајцата вработени во телевизијата.