(ФОТО) Силвија Стојановска: Се враќа серијата „Фамилијата Марковски“

Актерката Силвија Стојановска најави дека е во тек снимањето на втората сезона на серијата „Фамилијата Марковски“, која во 2017 година беше мегапопуларна.

Првата сезона, траеше само осум епизоди, а гледачите од прва ги освоија ликовите на типичното македонско семејство и нивните авантури. Силвија ја игра Лиле, сопругата на Иван, Александар Микиќ. Освен брачната двојка, во серијата гледачите ги засакаа и ликовите на нивните три деца:  Виктор (Владимир Петровиќ), Јана (Тамара Ристовска) и блогерот Бојан (Петар Петковски).

Актерката во гламурозно издание беше водителка на доделувањето на наградите на магазинот „Стори“ 

„Во моментов ја снимаме втората сезона на серијата „Фамилијата Марковски“, рече Силвија која заедно со нејзиниот колега, Горан Стојановски, беше водителка на доделувањето на наградите на „Стори“, сношти во хотелот „Александар Палас“, и доби голем аплауз од гостите.

„Среќна сум што приказната за фамилијата Марковски продолжува. Од есен ќе се емтуваат новите епизоди“, ни изјави Силвија по настанот на кој во улога на презентерка, беше и нејзината ќерка, актерката Јана Стојановска. (М.Џ.) 

Фото: В.Тануровски