(ФОТО) Сите со најблиските: Како македонските јавни личности го поминаа продолжениот викенд?

Добивај вести на Viber

Изминатиов продолжен викенд по повод празникот Илинден, со своите три слободни дена и убавото сончево време ги натера познатите јавни личности да излезат од своите домови.

Имено некои беа на своите викендици, некои на прошетка, останатите на планина или пак на плажа. Секој во друштво на своите најблиски го искористи викендот до максимум.

Каролина Гочева уживаше со семејството во родната Битола и преубавиот Пелистер.


Водителката Елена Стефановска се сончаше покрај базенот на викендицата во Марков Манастир.

Нора Шаќири е секогаш во друштво на синчето Ијан.

Тамара Тодевска беше семејно во Маврово.

Викторија Лоба уживаше покрај базен со миленичето.

Кристина Арнаудова покажа зошто е благословена секој ден, поради своите три момци за кои е благодарна секој ден.

Сузана Турунџиева одмараше со помалата ќерка во Магарево.

Мартин Филиповски беше семејно во Крушево.

Додека пак неговиот брат Стефан беше во Белград.

Додека чека да се породи, Јана Бурческа постира фотки од својата преслатка Дона на плажа.

Андреј во Бардовци ужива во домашниот базен со ќерката Јана.