(ФОТО) Снеже Велков во топ форма: И со недизајнирани маици и хеланки и евтини патики и стар точак се може!

Добивај вести на Viber

Водителката Снеже Велков важи за дама со стил и супер позитивна енергија. Пред огледалото на Женски Магазин ги откри своите ритуали за убавина, а овојпат на својот профил на Фејсбук објави што за неа значи спортот кој секојдневно го практикува: 

Наречете го како сакате:издувен вентил време за себе потење задник,истерување негативна енергија или едноставо лудило и возење точак рано сабајле...

Мене спортот не ми е професионално занимање но признавам со спортот изградивме една профи љубовна релација.

А Љубовта чини чуда! 

Најважното од се' е дека никогаш не треба да ги очекувате идеалните услови за да почнете продолжите и да не се откажете.

Одлуката да почнете значи дека петте минути лесно ќе станат 7 а дури да трепнете 8 извозени километри ќе се претворат во 12км.Издржавте само 20 стомачни? Па утре ќе бидат 21 а на крајот од неделата 30!

..

Запомнете:И зафатени и некоординирани и со тренерки и со не дизајнирани мајци и со хеланки и евтини патки и стар точак и непрофи опрема за вежбање импровизација и некоординација....и помалку и повеќе и лево и десно и со топка и без неа...

Најважното од се е цртањето насмевка!

Ја цртате само за себе и ја цртате за да ви трае...

И знаете што ова е единствената водоотпорна насмевка- потта ништо не и може!

Блескајте!