(ФОТО) Со Душко освојува врвови: Ирена Спировска на романтично патување во Словенија

Добивај вести на Viber

Водителката и маркетинг директор на ТВ Алфа Ирена Спировска секогаш со љубов зборува за својата страст кон планинарењето. Ирена, со својот партнер Душко Исајловски, во моментов е на патување низ Словенија, од каде што на социјалните мрежи споделува моменти од планинарењето. 

Ирена е во издание во какво што до сега не сме ја виделе, ултра куси шорцеви и гол стомак, а на фотографијата е видливо дека таа се грижи за својата линија.

Ирена ретко зборува за својот приватен живот. На сите јавни настани, таа се појавува со својот партнер, но за нивната врска кусо коментира.

Ирена сподели фотографија од Бледското Езеро во Словенија  

„Во врска сум, што е сосема нормално. Да сакав да го сокријам својот партнер, немаше да се појавам на јавно место со него. Никогаш не сум зборувала за својот приватен живот, затоа и се вика приватен“, изјави Ирена за Женски магазин неодамна.

Ирена и Душко беа во првите редови на концертот на Здравко Чолиќ минатиот месец на Градскиот стадион, а ги фотографиравме и на Виенскиот бал во март. 

Фото: Вангел Тануровски 

„ Верувам дека секој од нас има своја идеална половина која ќе ја сретне порано или подоцна во животот“, ни изјави Ирена претходно.