(ФОТО) Со симбол на надежта: Принцот Луис го прослави својот втор роденден

Принцот Луис, помалиот син на Војвотката и Војводата од Кембриџ е фотографиран како прави шарен постер со виножито - симбол на надеж за време на пандемијата од коронавирусот - за да го одбележи неговиот втор роденден.

Неговите уметнички дела со отпечатоци се една од неколкуте фотографии објавени од семејството за да ја прослават оваа пригода.

Слични слики од деца се појавија низ прозорците низ целата земја.

Принцот Луис беше фотографиран од неговата мајка Војвотката од Кембриџ во Норфолк на почетокот од овој месец.

Во серијата слики, Кејт го фотографирала својот син - облечен во сина кошула во ситно каро, додека ги прикажува неговите обоени дланки и прсти.
На една од фотографиите, неговите обоени раце се креваат до образите со очигледна возбуда.


Војвотката, редовно објавуваше фотографии што ги има направено на нејзините други деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, за да ги одбележи родендените.

Уметничките дела на Луис веројатно ќе бидат дел од лекциите за домашно учење на Вилијам и Кејт. Војвотката, исто така, го откри своето изненадување од свеста на своите деца за појавата на коронавирусот и за тоа како таа се справи со темата со нив на „соодветна возраст“.


Принцот Луис Артур Чарлс од Кембриџ, петти по ред до тронот, е роден на денот на Свети Џорџ, 23 април 2018 година, во приватната болница во Лондон.

Тој беше крстен кога имаше 11 недели, од страна на архиепископот Кантербери Џастин Велби, во Кралската капела во палатата „Свети Џејмс“ пред пријателите и семејството.


Принцот Луис се појави во голем број на слики објавени од страна на Војвотката од Кембриџ и неодамна се појави во видео со неговиот постар брат и сестра му аплаудирајќи на здравствените работници и негуватели.

Принцот Чарлс и неговата сопруга војвотката од Корнвол му посакаа на својот внук „Многу среќен роденден“ на нивниот профил на Твитер.