(Фото) Султана е убава на мама: Поголемата ќерка на Наташа Малинкова

Пејачката Наташа Малинкова изминативе неколку денови сподели неколку фотографии на својот Инстаграм профил од нејзината поголема ќерка Султана. 

Султана е тинејџерка и многу наликува на својата мајка.

-Имам и голема одговорност и обврски кон моите две ќерки, големата има 15 години па сама може да функционира, а на малата (5)  и сум повеќе потребна. Важно ми е да јадат здрава храна, домашно зготвена, па во текот на денот наоѓам време и да им зготвам дома- изјави претходно Наташа за Женски Магазин.