Животна училница // Приказни
(ФОТО) Тамара Тодевска го истетовира заборавениот стих од химната: Ветено, сторено
- 30 Октомври, 2020
Пејачката Тамара Тодевска пред неколку дена во интервју за „Бекстејџ“ обајви дека ќе ја истетовира химната на себеси, бидејќи останува „црна дамка“ по која многумина ја паметат.
По огромниот успех на Евровизија, пејачката ја испеа химната, но без стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“ , па токму тоа го истетовира на своето тело.
- Ветено, сторено- напиша под фотографиите од тазе тетоважата.
На фотографиите повторно може да се види дека пејачката се преполовила.