(ФОТО) ТАЖНАТА СЛИКА НА ОХРИД

Добивај вести на Viber

Големи количини ситен отад, во најголем дел хартија и пластична амбалажа го прекриваат центарот на Охрид секое утро. 

Во најголем дел тоа е околу пекарниците и продажните места за храна во градот. 

Наместо да го одложат во корпа купувачите по јадењето отпадот го оставаат кај ќе стигнат, пишува порталот „Охрид њуз“.

Проблем има и на туристичките локалитети. Локалните водичи и агенции алармираат дека дел од нив се запоставени или не се одржува хигиената соодветно. 

Таков е случајот за Античкиот театар каде група јапонски туристи на прошетка со водич вчера утрото затекнала грда слика на расфрлан отпад, јавува „Охрид њуз“.