(ФОТО) Тијана Дапчевиќ ја обнови првата тетоважа: Татко ѝ се обидувал да ѝ ја извади со вода
Се чувствувам како да сум повторно 18 години, напиша Тијана Дапчевиќ кога ја обнови тетоважата од младоста.
Пејачката Дапчевиќ направи нова - стара тетоважа.
Имено, таа реши да ја освежи старата тетоважа со која во младоста го насекирала нејзиниот татко, а еве зошто...
- Планирав да ги „тргнам“ овие мои белешки од мојата рака (т.е. да ги покријам со нова слика). Тоа е мојата прва тетоважа, што ја направив за мојот 18-ти роденден (и која татко ми потоа се обиде да ја извади со вода мислејќи дека не е вистинска и дека јас навистина не се истетовирав). Сметав дека избледе многу, не изгледа повеќе убаво и треба да се направи нешто друго... Но, тогаш мојот пријател ме разувери и реши да ја освежи така што изгледа како да е направена за прв пат сега (и се чувствувам како да сум повторно 18, а не 25 колку што сум)... - се пошегува пејачката.
Инаку, се разбира и очекувано, тетоважата е во знакот на музиката, односно се работи за месечинка која слуша музика.