Животна училница // Приказни
(ФОТО) Тогаш не знаеше дека ќе биде принцеза: Меган Маркл на 16 години
Меган Маркл и тоа како привлекува внимание со својот префинет стил, а со убавината отсекогаш се издвојувала. Дека ова не се само празни зборови, сведочи и оваа фотографија од далечната 1997 година.
Светските таблоиди ископаа нова интересна фотографија од Војвотката од Сасекс и наводно нејзиното прво момче со кое позира на една школска забава. „Маркл на 16 години со момчето Луис на Божикeн танц во средно училиште во 1997 година“, стои во описот на фотографијата.
„Тогаш немаше поим дека ќе стане принцеза“, е само еден од интересните коментари под објавата.
Меган е весела и насмеана, облечена во светкав црн фустан, а многумина прокоментираа дека изгледа речиси идентично како и денес на 38 години и како воопшто да не се променила.