(Фото) Три генерации жени: Тамара ужива со своите најсакани

Добивај вести на Viber

Поп-ѕвездата Тамара Тодевска заедно со мајка си Бранка и ќерка си Хана реши да го помине овој сончев ден во парк.

Трите генерации жени од семејството Тодевски уживаа на клупа во Градскиот парк, а Тамара го забележа овој убав момент со селфи фотографија која ја сподели на својот Инстаграм профил.

Во интервју за Женски Магазин, таа потврди:

- Вистина е дека мајка ми и сестра ми се воедно и мои најблиски пријателки. 


На фотографијата може да се забележи и трудничкото стомаче на Тамара, во кое се крие новиот член на семејството, или како што пред некој ден открија, Хана ќе има братче.

- Различна ми е бременоста, со Хана не почуствував ништо. Се сеќавате дека снимав албум, подготвував солистички концерт, имав настапи низ Македонија и надвор. Овој пат, како да ми е прв пат ги имам класичните симптоми, но се справувам со нив интуитивно. И на овој дел гледам како на дел од среќата - изјави таа.