(ФОТО) Во Мадрид ме препознаваа на улица: Тамара доби награда за најдобар вокал

Добивај вести на Viber

Неколкуминутни овации од публиката доби Тамара Тодевска по настапот на евровизиската песна „Proud“ во Мадрид, во салата Palacio de la Prensa

Тамара во главниот град на Шпанија замина на покана на евровизискиот клуб ОГАЕ. Она што поп-ѕвездата ја направи особено горда е наградата за најдобар женски вокал од Eurovision NI ,еден од најпрестижните портали за „Евровизија“. За настапот во Мадрид, Тамара избра шик црна модна комбинација.

 „Не верував дека ќе имам таков пречек во Мадрид. Луѓето ме препознаваа на улица и заедно ја пеевме „Proud“, ни изјави Тамара која во Шпанија беше со нејзиниот пријател и соработник, еден од авторите на евровизиската песна, Роберт Билбилов. 

 „ Ова беше моето прво патување во Шпанија и воодушевена сум од енергијата и гостопримството на Шпанците. Овие 3 дена во Мадрид никогаш нема да ги заборавам. Публиката во еден глас ја пееше „Proud“ и тоа е чувство што навистина не може да се опише со зборови“, ни рече Тамара. Таа е единствениот претставник од Балканот што освоил прво место од жири на Евровизија. 

„ Како дел од мојата мини турнеја, во ноември имам настапи во Данска и Германија, а до крајот на годината во план се уште три посети на европски земји. Ме радува тоа што сите знаат за песната и што пораката која ја пренесовме со неа допира до толку многу луѓе. Наградата за најдобар вокал навистина многу ми значи. Целиот успех на Евровизија е резултат на тимска работа и прескресќа сум што со истиот тим веќе работам на мојот нов мултимедијален проект. Сѐ што правев до сега беше генерална проба“, додаде Тамара. 

Како специјално изненадување за шпанската публика, освен нејзината евровизиска песна која го освои седмото место на „Евросонг“ во Тел Авив, Тамара ја испеа и „Soldi“ од италијанскиот претставник Махмуд. 

М.Џаровска