Животна училница // Приказни
(ФОТО) ЗАКОНОТ ВАЖИ ЗА СИТЕ: ЦРВЕН КАРТОН ЗА „ЦРВЕНА ЈАБУКА“
- 20 Август, 2018
Членовите на популарниот сараевски состав „Црвена јабука“ уште долго ќе го паметат синоќешното гостување во Струмица. Ако се суди според фотографијата која кружи на социјалните мрежи, дел од хонорарот на Дражен Жериќ-Жера и неговите колеги од групата за синоќешниот настап на „Струмица Опен Фестивал“ ќе остане во Македонија.
Нивното службено возило е фотографирано со блокатор на тркало, веројатно поради непрописно паркирање. Засега нема официјални информации дали ѕвездите на последната вечер на струмичкиот фестивал ја платиле казната.