(ФОТО) Заводливо деколте и тренди боја: Марија Ај Кју на „Макфест“

Добивај вести на Viber

Марија Ивановска, вокалистката на бендот „Ај Кју“ беше една од највпечатливо облечените дами на овогодинешниот музички фестивал „Макфест“.

Имено носеше комбинезон во кралско сина боја и длабоко и заводливо деколте. Станува збор за креација на модниот креатор Занов. Со колегата и партнер Бојан беа во усогласени комбинации.

Пејачката која пред извесен период си ја отвори душата и кажа дека носи одлуки без поддршка од нејзините најблиски, имаше јака шминка околу очите и романтична брановидна фризура.

Супер избор за Марија и нејзниот сензибилитет.

Водителката Марјана Станојковска истотака изгледаше прекрасно со впечатлива црна креација.