Носам одлуки без никаква поддршка од моите најблиски: Марија „Ај Кју“ си ја отвори душата

Добивај вести на Viber

Марија Ивановска, вокалистката на бендот „Ај Кју“ си ја отвори душата на социјалните мрежи и откри детали за нејзниот живот.


Ме мотивира целта, убавата и позитивна енергија и критиките. Секогаш кога ќе си замислам кои би биле придобивките од крајната цел и тоа што сакам да го постигнам ми дава уште поголем елан и ентузијазам за исполнување и достигнување на истото.  Ме мотивираат храбри мотивациони говори и кога сум сведок на успешни приказни на личности во мое опкружување, а особено кога се работи луѓе со светски успех- изјави Марија во претходно интервју за Женски Магазин.