Марјана како кралски црн лебед на Макфест: Нокаут ја однесоа победата
Фестивалот на
забавни мелодии „Макфест“ за прв пат се одржа под отворено небо на плоштадот во
Штип. Почитувањето на здравствените протоколи од страна на фестивалот беше беспрекорно
организиран. Волонтерите на ОО Црвен Крст постојано беа меѓу публиката, кои
предупредуваа на држење дистанца и задолжително носење на заштитни маски. Првата фестивалска вечер беше наменета за
изведувачи кои победиле на фестивалот низ годините, а се во знак на јубилејот,
додека пак втората беше натпреварувачка.
Победничка песна на 35-то издание на „Макфест“ е „Сакам да кажам“ од
групата Нокаут, втората награда е за „Ден по ден“ изведена од Ѓоко Таневски и
трета награда за „Ако те изгубам“ во изведба на Омар Џаферовски.
Публиката синоќа не гласаше, изборот на наградите го направи стручното жири,
составено од познати македонски музички имиња, актери, стилисти.