Животна училница // Приказни
(ФОТО) Зимски лудории: Живкица ужива семејно во Маврово
- 14 Јануари, 2021
Авторката и водителка на ТВ емисијата „Тунел“, Живкица Каленикова е многу поврзана со своите три деца Даријан, Марко и Ана. Секогаш зборува со гордост за синовите и ќерката.
Овојпат по повод празникот „Св.Василиј“ како што налага традицијата тие кршеа погача со паричка во Маврово, а Жиле напиша:
„Не ми се падна паричето ама си добив најголемо богатство. За многу години Василица.“
Водителката со сопругот Зоран и децата, беше во Маврово и за време на земјотресот од пред неколку месеци, чиј епицентар беше токму таму.
Тие го обожаваат ски-центарот, а токму деновиве уживаат со зимски лудории на снегот.