Живкица од Маврово за искуството со земјотресите: Џабе е да имаш пари и моќ, кога природата е најмоќна
Водителката Живкица Каленикова во моментов е во Маврово со семејството. Жиле денес е исплашена од сите земјотреси кои гo погодија овој крај, и вели дека најнепријатно го доживеале утринскиот.
„Морничаво беше. Денеска како што знаете тресе цел ден, и нормално е дека не ни е сеедно. Сепак, најнепријатно го дожиевавме утринскиот, кој беше некаде пред шест. Друго е кога си подготвен, и кога очекуваш, друго е кога нешто ќе те разбуди од сон. Сите сме ненаспани, изрипавме од кревет, и денес ни се потврди колку е важен мирниот сон. Среќа е што децата се добри, тие не се исплашија колку нас“, ни раскажа Живкица од Маврово.
Со сопругот Зоран и со децата Даријан, Марко и Ана, таа е во Маврово последниве две недели, а денешниве случувања нема да ги спречат да останат. Вели дека дошле да се одморат и да дишат чист воздух. Децата од таму присуствуваат на онлајн настава.
„ Овде е како пролет, грее сонце цел ден, во кратки ракави сме, шетаме покрај езеро, се дружиме, дишеме чист воздух. Иако за нстава ни е полесно да се организираме од Скопје, ќе останаме уште некое време“, додаде Живкица.
Нештата кои вредат и за кои вреди да се живее е она што шарматната Жиле најмногу ја навело да размислува по силните земјотреси денес.
„Природата е онаа која е најсилна. Против неа никој не може. Џабе е да имаш и добра работа, и пари и многу нешта кои си стекнал во животот, против природата не можеме. Затоа денес на Фејсбук напишав дека моќта е во природата, секаква моќ можеме да посакуваме и да имаме, ама природата е најмоќна“, ни раскажа Жиле.
М.Џаровска
*Живкица Каленикова со брз и едноставен рецепт за супа од тиква: Лесно како песна