(ФОТО) Крушата под круша паѓа: Живкица и ќерката со исти фризури

Добивај вести на Viber

Авторката и водителка на ТВ емисијата „Тунел“, Живкица Каленикова е многу поврзана со своите деца, а особено со ќерката Ана како единствено девојче во нивниот машки свет.

За својата малечка наследничка, која чита и зборува англиски супер за нејзини години мама Жиле неодамна напиша: „Си помислив дека можеби ќе си “one of a kind” (посебна) кога успеа да ми се скриеш до 4-ти месец. Секој ден сум се поубедена дека е така. Љубов помеѓу мајка и ќерка.“

Така и на нивната последна заедничка фотографија мајката и ќерката имаат исти фризури и исто позираат. Не за џабе се рекло „крушата под круша паѓа“.


Инаку Живкица со сопругот Зоран и со децата Даријан, Марко и Ана, беше во Маврово и за време на земјотресот чиј епицентар беше токму таму.

Сепак водителката со семејството одлучи да остане во природа, за каде вели дека дошле да се одморат и да дишат чист воздух. Децата од таму присуствуваат на онлајн настава.