(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД МАРКОВИ КУЛИ) Убавините на Македонија: Тврдина и поглед како од бајка

Ако за првпат патувате накај Прилеп, и за првпат ги здогледате Маркови кули возејќи се, ќе си речете дека се пред вас гледате бајка. Тоа е првата рееакција за ова прекрасно наоѓалиште.

Да се качите на Маркови кули и одозгора да го гледате Прилеп, тоа е привилегија. Кулите во неправилни форми се магична скулптура на релјефот. На 10 април во 2006 година.   наоѓалиштетоо е прогласено за Споменик на природата.Оваа фасцинатна појава на богатство на облици, се должи на геолошкиот состав на теренот кој е изграден од метаморфни карпи кои се пробиени од помладите гранити-гранодиорити, климата, релјефот и растителната покривка.


А историјата на оваа тврдина е поврзана со Крале Марко, гордо претставувајќи го некогашниот средновековен град на легендарниот владетел, синот на кралот Волкашин. Некогашниот дом на владателот се наоѓа на 120 до 180 метри висок рид. Во тврдината се откриени остатоци кои укажуваат на постоење раноантичка населба – Керамија.


Ако сакате на вистински начин да ја доживеете приказната на кулите, подгответе се за стрмен пат по падините на ридот, покриени со огромни гранитни карпи. Источната граница на наоѓалиштето Маркови Кули започнува од месноста Г. Чаир. Западната граница започнува кај селото Забрачани и се протега на југ, па на југозапад.  Северната граница започнува од патот што ги поврзува селата Дупјачани и Небрегово, околу 500 метри источно од село Небрегово.Јужната граница започнува кај месноста Варош и се протега на североисток по источните падини на грамадите Маркови Кули и Заленик заобиколувајќи ја рамнината Средно Поле, за да продолжи да води по западните падини на грамадата Кукул и завршува кај месноста Г. Чаир, на јужните падини на грамадата Кукул.


Маркови кули се рај за авантуристите, и тоа на светско ниво. Големиот број учесници од целиоот беа во 2014 година во Прилеп, по повод Светскиот куп во болдеринг, и беа  воодушевени од специфичните карпи.


М.Џаровска

Фото: В.Тануровски

Фотогалеријата погледнете ја овде: