Фотографија од болница: Победничката на „Гранд“ од Македонија од поинаков агол

Добивај вести на Viber

Првата победничка на популарното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, струмичанката Славица Ангелова неодамна ја објави нејзината нова песна „Стакла“, чија промоција ја имаше во емисијата „Гранд Парада“.

Ангелова иако се занимава со музиката, нејзината примарна професија ја има во медицината.

Младата струмичанка објави ретка фотографија, со медицинска маска на себе и бел мантил.

За Женски магазин, на прашањето кои се нејзинте идни планови, каде се гледа за 10 години, во музиката или медицината, Славица вели: „Мислам дека 10 години е долг период, оставам на времето... иако ги сакам и двете професии бескрајно...Уште сум млада и можам да се посветам во моментот повеќе на музиката, но секако  медицината  е онаа што многу го сакам уште од мала. Можеби ќе станам најраспеаната докторка“.

Фото: Инстаграм