Функционалната храна како важен фактор за силен имунитет
Храната значи
живот, но ако е добро избрана храната дава квалитетен и здрав живот, го
снабдува организмот со потребните состојки за засилување на живототворните
процеси. Затоа, последниве години се повеќе за зборува за функционална храна
која според својот состав има истакнати здравствени придобивки. Потеклото на
оваа храна може да биде растително или животинско, може да биде природна или
обработена, важно со својот состав покрај нутритивна функција, за исхрана на
организмот, да има и здравствена придобивка. Односно, со консумирање на оваа
храна да се поттикнуваат суштинските процеси во организмот и со тоа да влијае
врз целосното здравје.
Здравствената придобивка кај функционалните производи произлегува од нивниот состав богат со витамини, минерали, растителни влакна, пробиотици. Застапеноста и видот на супстанцата може да варира, но предностите од оваа храна најчесто се одразуваат на имунитетот на организмот и затоа уште се сметаат за природен лек кој може да ги запре нападите од разните настинки па дури и од вируси.
Разновидноста на функционалните храни започнува од целозрнестите житарки и некои специфични плодови, но исто толку силни и моќни во ефектот кон зајакнување на имунитетот се и млечните производи. Присуството на пробиотици во некои млечни производи, како ферментираните јогурти, ги прави функционални на начин што улогата на пробиотиците е одржување чиста и здрава микро флора, внесување добри бактерии и спречување населување на лошите бактерии, и сето тоа е првата одбрана на организмот. Додека пак, има млечни производи како што е Баланс+ Имуно, чиј состав е збогатен токму со нутриенти кои се добри за имуниот систем. Единствената формула и избраното присуството на витамините Б6, Б12 и Д3, кои директно влијаат врз имунитетот ја засилуваат функционалноста на овој јогурт. За витамините Б6 и Б12 се знае дека имаат значајна улога во зајакнување на имунитетот и превенцијата од разни болести, затоа и се препорачува да се земаат на дневна основа. Улогата на Д3 витаминот во состав на Баланс+ Имуно е многу поистакната, со тоа што ја регулира и концентрацијата на калциум и фосфат во организмот, па затоа неговата улога во спречување настинки и вируси е повеќекратна и има исклучително добар ефект врз имунолошката функција. Исто така, Д3 ја намалува можноста од инфекција, значително ја намалува и мускулната слабост, како и предиспозициите за дијабетес, кожни, невролошки и други болести.
Уште една специфичност во составот на овој јогурт што му дала силна функционалност е присуството на природните влакна инулин. Покрај што е важен за регулирање на нивото на маснотиите во крвта, инулинот е пребиотик којшто ги храни и ја поттикнува работата на пробиотиците и затоа се препорачува како составен дел од здравата исхрана и превенцијата од настинки и вирусни заболувања.
Функционалните производи, посебно оние како Баланс+ Имуно можат многу да придонесат за зачувување на здравјето и се природен и здрав начин за одбрана на организмот.
ПР објава