Фустан кој ги покрива сите несовршености на телото: Овој модел треба да го има секоја дама (ФОТО)
Нема грешка со овој
модел
Џенифер Лопез (51) уште еднаш покажа што значи добар стил и како треба да изгледа дама.
Пејачката се прошета во цветен фустан со совршен крој. Овој модел е одличен ако сакате да скриете неколку вишок килограми. Овој фустан ја ласка секоја фигура и го истакнува струкот, визуелно создава фигура на песочен часовник, а тоа е она што повеќето жени сакаат да го постигнат.
Освен кројот, кој е многу популарен оваа сезона, самиот дизајн е на врвот на модната листа, велат модните експерти. Можеме да видиме модни парчиња со цветен дезен секое лето, но оваа година е уште попопуларен.
Доколку сакате женствени и лелејави стилови, задолжително земете фустан како оној што го носеше Џеј Ло.
Фото: Shutterstock/Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Марама во коса: 6 начини да имате поинаков, ретро летен стајлинг и да ја освежите фризурата