Фустан поради кој сите се прашуваат како манекенката остана на нозе (ФОТО)

Многу забавнo!

Една од најзабавните модни ревии за време на Париската недела на висока мода беше дефинитивно онаа на Viktor&Rolf.

Некои ќе речат дека и животот е доста превртен наопаку во последните неколку години, а Viktor&Rolf го доловуваат тоа чувство за се „наопаку“ во нивната најнова колекција.


Секогаш можете да сметате на холандската модна куќа, веќе надалеку позната по својот провокативен пристап кон високата мода, да внесе малку хумор на Модната недела. Тие го постигнаа тоа со нивната колекција за пролет 2023 година, која нуди неконвенционален пристап кон балските фустани.



Viktor&Rolf испратија 18 импресивни, балски фустани на модната писта. Некои беа малку поместени, како на онаа што го носи моделот да ѝ недостасува телото за неколку сантиметри. Останатите фустани беа целосно искривени, хоризонтални на телото, а најмногу коментирана е превртената креација. Сѐ уште е познато како облечената манекенка издржала од точката А до точката Б без да падне.


Во време кога модната индустрија често може да биде воздржана, Viktor&Rolf докажуваат дека не мора да ја сфаќаме модата премногу сериозно. Погледнете и забавувајте се.


ФОТО: Твитер/Инстаграм screenshot