Гаиа во друштво на прабаба ѝ: На оваа фотка гледате 85 години разлика

Внуката на актерот Драган Спасов Дац, благодарение на нејзината мајка, често ја гледаме на социјалните мрежи.

Софија, често со своите следбеници преку Инстаграм знае да сподели интересни моменти од нивниот приватен живот и секојдневие, а малата Гаиа секогаш е во центарот на вниманието, како и што треба да биде.

Во последните неколку приказни на Инстаграм, Софија објави интересна фотографија на која се Гаиа и нејзината прабаба, која Софија ја нарекува Нана.

„85 години разлика“, напиша Софија на фотката на која се гледа дека малата Гаиа дефинитивно ужива во друштво на прабаба ѝ.


Оваа фотографија е прекрасен спомен на кој некогаш ќе се сеќава преслатката Гаиа.


ФОТО: Инстаграм принтскрин