(ГАЛЕРИЈА) 30 фотографии од избришаниот Инстаграм профил на Меган Маркл

Поранешната актерка Меган Маркл откако се омажи за принцот Хари и стана официјален член на британското кралско семејство, ја напушти својата љубов-актерството. Но вестите велат дека таа и нејзиниот сопруг сега заедно се враќаат на глумата, и потпишале договор со „Нетфликс“.

Ако претходно ја следевте Меган Маркл на Инстаграм или Твитер, сигурно знаете дека тогаш нејзините профили беа избришани. 

Познато беше дека ниту еден член на кралското семејство нема лични профили на социјалните мрежи. Единствен исклучок е профилот „Кенсингтон Ројал" креиран од принцот Хари, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. И Хари и Меган направија профил насловен како „Саксесројал“ ,меѓутоа по напуштањето на нивните краслки функции овој профил згасна.

Од времето, уште во 2016-та година, кога се појавија првите гласини за нејзината романса со принцот, Меган Маркл престана активно да објавува слики на Инстаграм, па целосната деактивираност на страницата беше само прашање на време.

Погледнете ги најимпресивните фотографии на Меган Маркл објавени на нејзиниот профил на Инстаграм, пред тој да стане историја.