(ГАЛЕРИЈА) Цел живот со црна коса: Зорица Заева доследна на стилот
Љубовната приказна на македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица, датира уште од средношколските клупи. Тие се познаваат уште од деца, а нивното познанство прераснало во нешто посериозно во средношколските денови. Последната година на Економскиот факултет во Скопје почнале и заедно да живеат.
Зорица е дипломиран економист. Заеви имаат две деца, ќерката Александра и синот Душко.
Сопругата на Заев се појавува на многу јавни настани како негова поддршка.
Претпознатлива е по својата црна негувана коса, за која не се одлучи да направи промена дури и кога осветлувањето на косата стана светски тренд.
Црната боја асоцира на моќ и авторитет, се смета за многу формална, елегантна и престижна боја.
Заева преферира софистициран и елегантен стил.
Без разлика дали станува збор за панталони или здолниште, таа избира модели кои одлично одговараат на нејзината фигура.
Кога станува збор за шминка, сопругата на премиерот се препушта во раце на професионалци, но секогаш се труди да изгледа природно.