(ГАЛЕРИЈА) Мадона полни 60 години: Модна трансформација на кралицата на поп музиката

Добивај вести на Viber

Нејзиниот печат во поп културата е незаменлив, па иако некои ја мразат, а други обожаваат, Мадона сепак го носи статусот за „Кралица на поп музиката“.

Со текот на времето, таа направи голем број модни трансформации и покажа дека поп културата може да донесе едно ново ниво во светот на модата. Нејзините фанови ја копираат, а таа и покрај целата слава која ја ужива и денес е нескротливата, бунтовна жена, која е спремна да се пресмета со целиот свет. 

Мадона денес полни 60 години, па по тој повод ќе одвоиме неколку важни факти, кои ја одбележаа нејзината 35 годишна кариера. 


Таа е единствена пејачка во Гинисовата книга на рекорди со најголем број продадени албуми. Има најголем број албуми на топ листата во Велика Британија, вкупно 12, а пред неа се само Битлси и Елвис Присли. 

Исто така, 46 нејзини песни биле број 1 на листите во Велика Британија, а пред неа е само Присли. Нејзиниот настап на Супер Боул во 2012 година е еден од најпрегледуваните на интернет, а според листата на Форбс е и најбогата американска пејачка, која само минатата година заработила 580 милиони долари. 


Најпопуларната пејачка на минатиот и овој век покрај музичката кариера, има лансирано модна колекција, има издадено книги за деца, воедно е и продуцент и режисер.  Без разлика што денес полни 60 години, Мадона го живее животот со полни гради, телото го тренира до максимум и постојано менува помлади партнери. Несомнено кралицата на  поп музиката го оправдува својот статус на музичка и модна дива!