(ГАЛЕРИЈА) Николина Пишек: Мајка на две деца и згодна во петата деценија

Добивај вести на Viber

Николина Пишек е хрватска тв водителка, актерка и фотомодел. 

Родена е на 8-ми април 1976 година и има завршено дизајн на архитектура. Сепак животот ја носи во сосема друга професионална насока, па таа изгради солидна кариера како тв водителка на голем број хрватски емисии, а глумеше и во една епизода од серијата „Битанги и принцези“.


Македонската публика ја памети по водењето на емисиите „Операција Триумф“, „Фарма“, „Големиот брат“, а во 2015 година беше бекстејџ водител на музичкото шоу „Икс Фактор“, заедно со нашата водителка, Снеже Велков. 

Пишек има две ќерки од два различни брака. Првата ќерка е родена во 1997 година и се вика Хана, а втората е Уна Софија, родена во 2014 година. 

Покрај професионалните и приватни обврски, Пишек важи за негувана, а и една од најубавите жени со Хрватска и таа титула секојдневно ја потврдува со нови фотографии, на кои може да се види дека изгледа подобро од било кога. 


Иако е на прагот на петата деценија, водителката како мајка на две деца има совршена телесна форма и изгледа модерно, како во спортско или кежуал издание, така и во костими за капење, кратки здолништа или пак фустани со впечатлив шлиц. 

Негувана, згодна и убава, Пишек на 42 години е пример за тоа дека секоја жена може да изгледа добро во петата деценија, доколку вложи малку труд во грижа за сопствениот изглед.