(ГАЛЕРИЈА) Се отвори „Ист Гејт Мол“, гужва за шопинг уште од првиот ден
Уште пред официјално да отворат вратите на новиот скопски трговски центар „Ист Гејт Мол“, луѓе се собираа пред главниот влез прашувајќи кога ќе започне со работа.
За интересот за купување во новиот шопинг мол и љубопоитноста на народот да го види тазе отворениот објект, започна недели пред отварањето. Медиумската покриеност во текот на целата изградба на „Ист Гејт“ придонесе најмногу. Официјалното отварање за медиумите го водеше популарната водителка Елена Стојановска.
Модерно уредениот мол се наоѓа на местото на поранешнот Скопски Саем, подоцна „Метроплис Арена“ и се простира на 5 нивоа. Нуди 2.000 паркинг места, гигантски размери на вкупна површина од околу 160.000 м2, како и на простор за закупување од околу 57.000 м2.
Љубителите на шопингот денес побрзаа да ги видат 220- те продавници, кои нудат избор од 600 брендови, од кои 40 се сосема нови и се за првоат присутни на пазарот кај нас.
Проекциите навестуваат годишен број на околу 12 милиони посетители, а започнувајќи од денес, „Ист Гејт Мол“ на секој посетител ќе му посакува добредојде со пораката, „Ти си центар“. Молот нуди и најголем дел за храна и пијалоци во земјава, простран е, светол и со уредени делови со зеленило. Објектот се градеше во рекорден рок од 26 месеци, и е создаден со помош од над 2.500 вработени.
Меѓу многубројните брендови во молот, отворена e најголемата Zara продавница на Балканот, (Zara и Zara Home), како и препознатливи глобални и регионални имиња како Reserved, Mohito, Sinsay, Cropp, House, Armani Exchange, Calvin Klein, Kiko Milano, Pandora, Mango Man-Woman-Kids, XYZ, Patrizia Pepe, XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Dsquared2, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, Reserved, Oysho, The Athlete's Foot, Twinset, кафе и книжарница на Литерература.мк и многу други. На најдолниот кат, се наоѓа голем маркет од ланецот на „Тинекс“.
Ист Гејт Мол е инвестиција на Балфин Групацијата (Balfin Group), чие портфолио опфаќа многубројни сектори како недвижнини, туризам, енергетика, банкарство, и многу други. Балфин Груп (Balfin Group) е присутна на австрискиот, албанскиот, косовскиот, босанскиот (БиХ), македонскиот, холандскиот и црногорскиот пазар.
М.Џаровска
Фото: Вангел Тануровски