(ГАЛЕРИЈА) Вистинска бајка на Саемот за венчаници 2018-та-Елена Лука во центар на вниманието

Добивај вести на Viber

Oчите на девојките се секогаш вечно будни за да го одберат вистинскиот венчален фустан од соништата. Вистинска бајка ни приреди хотелот Александар Палас кој е домаќин на Саемот за венчаници 2018-та година, во организација на веб порталот vobelo.mk.

‘’It’s a beautiful night, we’re looking for something dumb to do

Hey baby, I think I wanna marry you

Is it the look in your eyes, or is it this dancing juice

Who cares baby, I think I wanna marry you“ – „I think I wanna marry you“ –Bruno Mars

Oчите на девојките се секогаш вечно будни за да го одберат вистинскиот венчален фустан од соништата. Вистинска бајка ни приреди хотелот Александар Палас кој е домаќин на Саемот за венчаници 2018-та година, во организација на веб порталот vobelo.mk, a ќе се одржува од 23-ти Февруари до 25-ти Февруари.

 Без разлика на која страна ќе се завртите, од секоја страна ќе ве засени сјајот и ќе ве освојат венчаници во различни стилови. Преубавите венчаници од сите Македонски креатори ги освојуваа погледите на присутните, се служеше вино и се уживаше во текот на една невестинска бајка.

Македонските дами Светлана Црнокрак, Маријана Станојковска, Викторија Лоба, Зои Блажева, ИваннаХаџиевска, Дунавка Трифуновска, Ива Спасовска и уште многу други блеснаа во креации на своите омилени креатори, и секоја беше посебна на свој начин.

Модната ревија дефинитивно беше заокружена со појавата на легендарната Тијана Дапчевиќ која секогаш освојува со својата харизма и оригиналност што ја носи во себе. Тијана носеше смела невестинска креација – сако извезено со монистра на модната куќа Елена Лука, модната куќа којашто воедно и го привлече најголемо медиумско внимание на Саемот за венчаници 2018-та.

Овации и светкави блицеви во секој нејзин чекор и појава, како и нетрпеливост за автограм и селфи од најискрените срца- дечињата, карактер кој плени сам по себе, спонтана и своја, simplicity in motion, се само дел од многуте причини зошто Тијана Дапчевиќ е дама што мора да ја запознаете, а Женски Магазин уживаше во нејзиното присуство.

Елена Лука заедно со својот тим и оваа сезона ги освои модните срца, која не пречека како вистински домаќин, и ни докажа зошто посветеноста и љубовта кон својата работа го прави еден бренд истраен и успешен на модниот пазар во Македонија.

Нашиот моден колумнист и lifestyle блогер Нина Беадер со Горан Митров – Бренд Менаџерот на Елена Лука.

Фасцинирани од храбрите дезени и светските невестински трендови вткаени во креациите на Елена Лука, посакавме и ние да имаме своја невестинска бајка што побрзо.


Насмеана и драга со задоволство за Женски Магазин ни изјави:

Женски Магазин: Она што Ни се допаѓа кај Вас како дизајнер е тоа што одите многу храбро во креирањето на Вашите креации, независно за кој тип на личност станува збор, и храброста е тоа што го освојува модното око.

Елена Лука: Знаете, кога една работа ја познавате добро, го познавате пазарот, но од се најмногу си ја познавате дарбата, Вие не се плашите да работите и творите. Модата не е само да работите во систем, туку и да наметнете своја флуенца на пазарот.

Насмеана и драга со задоволство за Женски Магазин ни изјави:

Женски Магазин: Она што Ни се допаѓа кај Вас како дизајнер е тоа што одите многу храбро во креирањето на Вашите креации, независно за кој тип на личност станува збор, и храброста е тоа што го освојува модното око.

Елена Лука: Знаете, кога една работа ја познавате добро, го познавате пазарот, но од се најмногу си ја познавате дарбата, Вие не се плашите да работите и творите. Модата не е само да работите во систем, туку и да наметнете своја флуенца на пазарот.

Женски Магазин: Зошто баш Тијана Дапчевиќ како заштитно лице оваа година?

Елена Лука: Затоа што има неколку ликови во Македонија што се инспиративни. Сме работеле со многу личности од естрадата и креативци и сите се посебни на свој начин. Тијана е една од нив, таа има различен сензибилитет, меѓутоа таа има посебна енергија, којашто можеби поинаку влијае на мојата креативност, едноставна, убава и дива жена, сосема инспиративна за моментите што ги создаваме. Ги сака оригиналните материјали и бега од стереотипите, така да таа успешно се вклопува во нашата приказна.

Дами, побрзајте и одберете ја вашата венчаница од соништата, а воедно уживајте во магијата на белиот фустан, романтиката, доброто вино и насмеаните лица.

За Женски Магазин, Нина Беадер - моден колумнист и lifestyle блогер

Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/

Инстаграм: @beadernina