,

Геј пар посвои девојче со ХИВ, кое претходно беше одбиено од десет семејства

Семејството треба да биде олицетворение на љубов, почит и доверба.

Сепак, семејството е повеќе од само иста крв, а совршен пример за тоа е приказната за геј парот, Дамијан Пигин (42) и Ариел Вијари (39) и нивните две ќерки, Оливија и Викторија.

Дамијан и Ариел се првата хомосексуална двојка што се венчаа во североисточната провинција Санта Фе, каде и продолжија да живеат.

Во 2011 година тие одлучија да го прошират своето семејство и да станат членови на невладината организација наречена „Акунар фамилиас“, која помага да се посвојат напуштени деца.

Оваа девојче беше одбиено од дури десет семејства затоа што е родено со ХИВ.

Се предвидува дека бебето на кое му е дијагностициран овој вирус ќе живее само 10 години, но со напредувањето на технологијата и истражувањето, денес овие деца можат да живеат неколку децении, па дури и колку луѓе кои не се заразени. Покрај тоа не значи и дека вирусот ќе го пренесат на други.

„Само што ја видов, почувствував дека таа е дел од мојот живот. Се поврзавме веднаш. Ја држевме во раце, ѝ дадовме шише, а таа нè погледна со широко отворени очи и не плачеше. “- вели Ариел.

За среќа, бебето наскоро започна да прима терапија и да покажува позитивни резултати. 

Дамијан и Ариел поминаа три месеци чекајќи повик

Пред неколку години, родителите добија добра вест - тестовите покажаа дека вирусот повеќе не може да се открие во телото на малата Оливија!

И сега кога има пет години, Оливија не покажува никакви знаци на болеста. Иако сè уште нема лек за ХИВ, терапијата може значително да ја намали количината на вирус во организмот до тој степен што дури не може да се открие во крвта.

Затоа, девојчето повеќе нема да мора да страда од негативните ефекти на вирусот, ниту пак може да го пренесе на некој друг.

Ова семејство доби уште еден член во 2015 година, кога жената што слушна за приказната за овој пар сакаше да ја посвојат и нејзината ќерка, така и направија. Семејството наскоро ја пречека и малата Викторија.

извор и фото: zenskikutak.rs