Животна училница // Семеен Албум
Генијален трик за сушење на детска облека
Секој родител, особено мајките најдобро ќе ги разберат, а и применат советите кои се однесуваат за олеснување на секојдневните обврски околу домот и децата.
Во конкретниот случај станува збор за чистата облека кај бебињата и малите деца, која треба постојано да се пере.
Генијалниот трик е всушност начинот на закачување на облеката со што се избегнува користење на штипки и едноставно се користи бебешкото боди за закопчување. Овој трик беше објавен на страната „Nubs & Bumps" и за кратко време доби над 17. 000 лајкови, но и голем број коментари.