Германскиот претседател Штајнмаер ѝ се воодушевуваше на Атиџе, која емотивно му раскажуваше за пчелите и медот
Деновиве во Скопје, гостин е германскиот претседател Франк - Валтер Штајнмаер кој е во официјална посета на земјата.
Задоволство да го запознае германскиот државник, вчера ја имаше медената хероина која ја претстави Македонија во Холивуд, Атиџе Муратова.
Таа, со многу емоции му раскажувала на Штајнмаер како од малечка, штитејќи се од пчелите била принудена да го научи нивниот јазик за да може да стане успешна пчеларка, а тој воодушевено ја слуша и ѝ поставувал многу прашања за медот, Бекирлија и нејзиното семејство.
„Задоволството денеска беше и мое, затоа што ја имав таа чест да ги обојам нашето и нивното знаме на теглата со мед која нему му ја подари Атиџе и да му го насликам и подарам единствениот камен кој неодамна си го понесов од Бекирлија“, напиша на социјалните мрежи најголемата пријателка и поддржувачка на Атиџе, Сузана Турунџиева.
ФОТО: Фејсбук Сузана Турунџиева