ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Добивај вести на Viber

БИМ Свети Николе е успешна компанија која води грижа за своите акционери, од кои најголем дел се сограѓани. Компанијата има континуирана дивиденда политика и дели дивиденда неколку години наназад. Веројатно затоа е и тешко да се дојде до таа акција, која многу ретко се тргува на Официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност

Силната светиниколска компанија за изработка на градежни материјали од битумен и годинава ги израдува своите сограѓани и воопшто сите акционери. На претстојното акционерско собрание на таа компанија (закажано за идниот месец н.з.) меѓу другото на дневен ред ќе се најде и дивидендата за сите акционери.

Таа компанија има претежно локални акционери и тоа од Свети Николе. Најголем дел од планираната дивиденда во нето вредност од 283.000 евра ќе завршат кај акционерите кои воедно се и жители на Свети Николе. Дел од нив се вработени, а има и поранешни враотени кои се акционери во таа успешна компанија.

Повеќе на фактор.мк