Ги избришав од мојот живот сите луѓе кои немаат време за мене
Решив да направам мал тест. Престанав да се јавувам, престанав да доаѓам, целосно се повлеков. Сакав да проверам колку „суви растенија“ напоив во текот на сите тие години.
Суровата реалност што ја открив ме шокираше и повреди, но во исто време научив многу за луѓето околу мене. Знам дека има од оние ретки пријатели кои се секогаш таму, без разлика на се. И јас бев таков. Верував дека пријателството, исто како растение, бара грижа и внимание за да расте. Ако не се вложи напор, врската ќе пресуши. Затоа отсекогаш сум бил тука за луѓето што ги сакам, постојано одржувајќи контакти и обидувајќи се да ги негувам нашите односи.
За жал, не секогаш го добивав истото внимание. Но, велејќи си да се однесувам со другите онака како што сакам да се однесуваат кон мене, се убедив себеси дека вистинските луѓе ќе останат во мојот живот. Меѓутоа, еден ден сфатив дека ја вложувам мојата енергија во погрешни луѓе. Конечно го видов она што избегнував да го видам. Луѓето не секогаш се однесуваат со вас онака како што се однесувате кон нив.
Некои остануваат со вас само за да ја искористат вашата добрина, тие се појавуваат само кога им треба нешто. Затоа решив да направам експеримент: престанав да се јавувам, престанав да доаѓам, целосно исчезнав од животот на тие луѓе. Сакав да видам колку навистина ги наводнував тие „мртви растенија“ сите тие години. Суровата реалност што ја открив беше шокантна, но научив многу за овие луѓе.
После тоа, донесов одлука да ги оттргнам од мојот живот сите оние кои не покажуваа интерес за мене. Морам да признаам дека многу од нив ги сметав за пријатели. На крајот почувствував огромно олеснување. Пријателството е секогаш взаемно. Не можете да очекувате да добиете нешто без да дадете ништо за возврат. Тоа е едноставен закон на животот. Ако навистина се грижите за некого, ќе бидете тука за него, без разлика колку сте зафатени.
Фото: Freepik.comИзвор: Svezazenu.net