Ги напиша најголемите хитови, за еден збор зела дури 100.000 евра: Денес се навршуваат 3 години од смртта на Марина Туцаковиќ

Добивај вести на Viber

Една од најплодните текстописци на Балканот и пошитоко, Марина Туцаковиќ, почина на 19 септември 2021 година, а денес се навршуваат точно три години откако ја загуби битката на животот по долга борба со тешката болест.

Таа создаде многу ѕвезди, а на некои им беше одличен пријател. Непишаното правило на југословенската музика, а и подоцна било „ако сакаш хит, јави се на Марина Туцаковиќ“, а со оглед на тоа што напишала преку 4.000 песни, важела за најголем хитмејкер.

Таа е одговорна за песната „Лулај ме нежно“ од Оливер Мандиќ, „Ти само биди доволно далеку“ на групата Генерација 5, „Допири ми колена“ на групата Зана и многу други песни и хитови, а влијаела и на многу пејачи да градат успешни кариери, како Џеј, Цеца, Драгана Мирковиќ и многу други.

Од сите изведувачи, таа беше особено блиска со Цеца Ражнатовиќ, за која ги напиша некои од најголемите хитови.

Најскапата продадена песна

Со оглед на тоа што напишала илјадници песни, многумина се запрашаа кој стих и донесе најмногу пари. Оваа информација еднаш ја сподели Неда Украден со медиумите.

Станува збор за песната „Зора е“, а како што изјавила Неда, Марина на оваа песна додала само еден стих и со тоа заработила повеќе од 100.000 евра.

За потсетување, Марина Туцаковиќ почина на 67-годишна возраст, откако ја загуби долгата и тешка битка со опасна болест. Последните денови ги помина во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, каде што беше префрлена бидејќи и се слошило. Таа исто така беше на респираторна поддршка, поради коронавирусот. На почетокот на 2018 година, инаку, и беше дијагностициран малигнен тумор на дојката, по што набрзо беше оперирана. Таа до последниот ден жестоко се бореше за своето здравје.

Родена е во Белград во 1953 година, а кариерата ја започнала пишувајќи песни за групата „Зана“. Соработувала со голем број најпознати изведувачи од овие простори, како Здравко Чолиќ, Џеј Рамадановски, Тоше Проески, Светлана Цеца Ражнатовиќ, Жељко Самарџиќ, Драгана Мирковиќ и многу други.

Фото:Инстаграм