Ги препознавате ли: Тие се едни од најпознатите наши јавни личности, а да ги видите другите

Добивај вести на Viber

Домашните познати личности на своите профили на социјалните мрежи од време на време знаат да се присетат какви биле како помлади. Дел од нив со носталгија се сеќааваат на некои поинакви времиња. 

Еден од нив е нашиот најтрофеен фудбалски тренер Ѓоко Хаџиевски.  Фотографија од раните деведесети, на отварање на скопскиот ноќен клуб „Метропол“ . На сликата, Ѓоко е со познатиот скопски угостител Кире Костовски- Кристијан, а до него иако слабо се гледа е поп-пејачката Ребека. Зад Ребека, на фотографијата е „уловен“ и Игор Џамбазов.

Кристина Арнаудова со стара слика со продуцентот Роберт Билбилов. Роберт меѓу другите песни е автор и на еден од првите хитови на Кристина „Прашина“, кој го испеа на “Макфест“ во 2001 година.

Сеќавање на актерот Ванчо Петрушевски кој почина, објави Дејан Цветковски, поранешен кошаркар и сопственик на популарното скопско  радио „Скај“ од деведесетите години. На сликата, освен Ванчо е и неговиот добар пријател, актерот Гоце Тодоровски, како и сопственикот на радио „Бубамара“ Ранко Петровиќ и српскиот пејач Ѓорѓе Марјановиќ. Дружбата е по настанот „Скај, Оскар на популарноста“ во 1992 година.

Влатко Стефановски, Гаро Тавитјан и Кокан Димушевски со долги коси, а Бодан Арсовски со брада беше сликата по која ги паметиме легендарните “Леб и сол“ во седумдесетите и во осумдесетите. Секогаш е убаво сеќавањето на „Као какао“, „Чувам ноќ од будних“, „Мамурни људи“.

Малкумина би го препознале познатиот кошаркар Перо Антиќ. На оваа стара фотографија, Перо Антиќ има коса.

Дел од нашата архива е и музичарот Мартин Вучиќ, на почетокот од неговата пејачка кариера, кога во 2002 година неговата песна „Рано е да се врзам“ стана еден од најголемите домашни хитови. 

Облечен со црни панталони и зелено палто, типично за модата во деведесетите, дел од галеријата е и Љубе Бошковски.

Билјана Дебарлиева е една од нашите најубави водителки. Еве како изгледала во младоста