Ги пробала и двајцата: Гвинет Палтроу ги спореди сексуалните вештини на двете поранешни момчиња Бред Пит и Бен Афлек

Славната холивудска актерка Гвинет Палтроу ги спореди сексуалните вештини на нејзините две поранешни момчиња, едни од најпосакуваните актери во Холивуд, Бред Пит и Бен Афлек.

Актерката за време на едно гостувањето, откри дека Афлек е „технички“ подобар во кревет, но додаде дека Пит го надминал како подобар актер.

Потоа, Гвинет ги споредла и нивните актерски способности според кои заклучи дека Бред е подобар.

- И двајцата се многу талентирани. Бен е одличен писател и режисер, но ако треба да изберам, веројатно би го избрала Бред поради сите различни улоги што ги играл, рече Гвинет.

Таа исто така истакна дека Бред е поромантичен и има подобар стил, а потоа кажа дека Бен има подобра смисла за хумор.

Во секој случај и двајцата се веќе бивши, а самото тоа кажува дека никој не бил доволно добар за да остане покрај актерката.


Фото: Facebook/bradpitt/benaffleck/gwynethpaltrow