Ги создаваме вистинските чевли за да го освоиме светот! - ,,Шевро''
Чевли направени по светски трендови!
Кога чекорите низ животот, не заборавајте да го направите тоа со добар пар чевли на вас, па затоа брендот „Шевро“ се одличен избор за женското срце кое чука во ритамот на модата.
Бренд, кој е основан во далечната 1987-ма година во срцето на Куманово,чии првични уникатни модели беа создадени од господинот Ивица Симоновски, чиј ентузијазам и порив се одразуваат и низ денешните модели, под модна диригентска палка на неговата ќерка Магдалена Симоновска.
Урбаните и современи жени се нашата инспирација, со цел да создаваме модели на удобни чевли кои ги пратат светските, но и ги диктираат трендовите како на македонската модна сцена, така и низ различни континенти ширум светот.
Брендот „Шевро“ е првиот и единствен бренд кој произведува модерни обувки со поголем нумеролошки дијапазон, почнувајќи од 32 до 43 број.
Големиот број на домашни и меѓународни признанија и награди, се само доказ за нашиот квалитет и креативноста која доаѓа во најразлични облици.
Нашиот дијапазон на изработки, содржи широк спектар на модели, софистицирани и оригинални веќе реализирани модели, кои пред сѐ ги задоволуваат високите критериуми на клиентот,како и различните вкусови и стилови на модниот карактер на една современа дама.
Креативноста на тимот на ,,Шевро'' доаѓа во најразлични облици најдобро претставени преку нашите модели на чевли, а големиот избор на различни принтови и бои, модели кои ќе ве потсетат на една нова модна ера, но елегантност задржана во сржта на нашата креативна идеја, се само една од многуте причини зошто би го избрале овој бренд.
Користиме исклучително природни материјали, главно кожа, кои ги набавуваме од модната престолнина Италија, но и медитеранскиот Кипар, со цел да го сочуваме квалитетот на нашиот производ.
Нашите задоволни клиентки ќе ви раскажат за нивното позитивно искуство со „Шевро“, a дел од нашите јавни личности како Елена Стефановска (Живот со стил), поп пејачката Кристина Арнаудова, Живкица Каленикова, српската водителка и писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ,Ребека, Снеже Велков, Дани Димитрова, Викторија Лоба, евровизиската претставничка Јана Бурчевска како и уште многу лица од јавноста, се наши бренд амбасадори на свој начин, кои гордо ги носат нашите чевли.
Нашите модели би можеле да ги најдете во продажните салони во Скопје во ГТЦ на вториот кат, како и во продажниот салон во Куманово.
За повеќе информации, посетете го нашиот веб сајт shevro.mk
Инстаграм: shevro_
Facebook:@shevroshoes
Консултации: 031 434 248; 077 705 004; 070 307 654;