Гифт-картичка од Комерцијална Банка и Ист Гејт Мол - идеалниот подарок за љубителите на шопингот

Добивај вести на Viber

Ист Гејт Мол и Комерцијална банка најавуваат картичка за подарување токму пред Новогодишните и Божиќните празници. 

„Ист Гејт гифт-картичката“ ќе биде достапна во вредност од 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 и 5.000 денари и со тоа ќе биде погодна за дарување во секоја прилика и за најразличен повод. Со својот привлечен дизајн и пакување, со можност за лична посвета, картичката претставува идеален подарок за роденден, венчавка, матура, Нова година или, едноставно, за некого да изненадите или израдувате. 

Комерцијална банка и Ист Гејт Мол се погрижија картичката да има голема намена и со неа да може да се купува во продавниците во Ист Гејт Мол кои учествуваат во програмата за прифаќање на картичката, а во кои се достапни најпознатите брендови од модата, козметиката, техниката, спорт, накит... Со тоа подароккартичката лесно се прилагодува на вкусот на оној кој сакате да го изненадите. Подарок-картичката ќе може да се купи во сите експозитури на Комерцијална банка низ Републиката, а наскоро ќе биде достапна и на пултови во Ист Гејт Мол. Ќе има важност од 6 месеци од денот на нејзиното купување и ќе може да се користи повеќекратно во тој временски период. 

Игор Давков, извршен директор на Ист Гејт Мол, изјави дека гифт-картичката е реализирана во најбараните износи и е посебно дизајнирана за да одговори на потребите на потрошувачите, а тоа е флексибилност на купување, избор од голем број брендови и продавници, како и услуги. Следните планови на Ист Гејт Мол се таа да се продава и на пултовите во Ист Гејт Мол, во рамки на работното време од 10:00 до 22:00 секој ден во седмицата.

Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и трансакциски сметки, изјави дека новата гифт-картичка на Комерцијална банка е уште еден производ направен според желбите и потребите на клиентите. Комерцијална банка во својата широка понуда на кредитни производи и картички за граѓаните ги додаде гифт-картичките како модерно и идеално решение за граѓаните кои сакаат сами да го изберат идеалниот подарок за своите најблиски, а притоа тоа да не им одземе многу време, изјави Чадиковски. Ист Гејт Мол е водечки регионален трговски центар, кој се простира на 160.000 м2 бруто изградена површина. Поседува 57.000 м2 бруто изнајмена површина распоредена на пет ката и располага со портфолио на 220 закупци. Ист Гејт Мол е дел од повеќенаменскиот комплекс Скопје Ист Гејт. 

Комерцијална банка АД Скопје е банка со традиција и е клучниот партнер на компаниите и столбот на доверба кај граѓаните во земјава. Банката нуди широк спектар на банкарски услуги, почнувајќи од прибирање депозити, одобрување кредити на правни и на физички лица, издавање банкарски картички, услуги во домашниот и во меѓународниот платен промет, електронско и мобилно банкарство, па сè до активности како посредување во купопродажба на девизи, хартии од вредност, форфетирање и друго. 

ПР објава