Главниот град епицентар на заразата: 182 новозаболени во земјава

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче, ги објави резилтатите од последните 24 часа. Направени се 1348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 107
- Куманово 14
- Штип 4
- Тетово 23
- Струга 5
- Битола 2
- Охрид 6
- Гостивар 4
- Струмица 1
- Кочани 1
- Берово 1
- Ресен 13
- Неготино 1

Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти.

- Скопје 22
- Дебар 1
- Штип 1
- Прилеп 1
- Тетово 1
- Велес 2
- Битола 1
- Кочани 2
- Свети Николе 1
- Кичево 1

Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612.