„Го чекав после затворот да продолжиме онаму каде што застанавме“: Инди Арадиновиќ проговори за врската со Зоран Марјановиќ и ги шокираше сите
Пејачката Инди Арадиновиќ неодамна ја прекина врската со Зоран Марјановиќ, а сега проговор за се она што се случувало.
Инди Арадиновиќ изјави дека нема момче, а Зоран е слободен човек и дека нема да им застане на патот на девојките кои сакаат да бидат со него.
„Направив лоши избори во животот, но ова се граничи со ЛУДОСТ“: Милица Дабовиќ ја прозва Инди Арадиновиќ за врската со Зоран Марјановиќ и јавно и се обрати.
- Го чекав по затворот за да ја продолжиме врската што ја започнавме. Само се шегувам. Го чекав да направи нов хит, да биде барем половина добар од „Бато бре“. Од првиот ден кога се запознавме бевме во чудна врска. Не раскинавме, и никогаш не бевме заедно, не ни почнавме. Чуден спој. Да бидам фер, јас сум сингл девојка. Дечкото е сингл. Тој е слободен, јас сум слободна. Така девојките можат слободно да контактираат со него, да му пишат – изјавила Инди гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“ и ги шокирала сите во студиото.
Инаку, мајката на Инди, Флорија Арадиновиќ, воопшто не ја поддржувала врската со Зоран.
- Нејзината мајка е во шок. За малку ќе ги изгубила нервите кога слушнала дека се заедно. Никогаш нема да ја поддржи нејзината врска со Зоран – изјави за „Блиц“ извор близок до семејството Арадиновиќ и продолжи:
- Разговараше со неа со денови, се обидуваше да ја убеди да раскинат, но не вреди. Инди се заљубила и не може да слушне што и се зборува. Не сака да ги слуша најблиските, а како што рекла, не планира да ја прекине врската со Зоран.
Фото:Facebook/Инстаграм