Го добив најубавиот роденденски подарок: Влатко Грозданоски стана татко

Добивај вести на Viber

Поранешниот фудбалер, а сега тренер во школата за фудбал „Грозданоски“, Влатко Грозданоски денеска на својот 36-ти роденден стана татко.

Неговата сопруга Христина, на свет донесе ќерка, за која го избраа името Мила.

- Мојата сопруга ми го даде најубавиот роденденски подарок што можам да го замислам. Се роди нашата ќеркичка Мила- напиша Грозданоски на социјалните мрежи.

Христина која по професија е манекенка и Влатко се венчаа во 2016-та година, а претходно беа долги години во врска.