Го испеавме првиот танц: Пејачката Елена Миленковска се омажи и чека бебе
Пејачката Елена Миленковска вели дека сега ги живее своите најсреќни мигови. Пред неколку дена, таа направи свадба со својот колега Александар Маринковиќ- Гуте. Елена, која својата кариера кај нас ја започна со поп музика, па продолжи како натпреварувачка во шоуто „Ѕведите на Гранд“, е во шестиот месец на бременоста.
„ Се чуствувам супер. Свадбата ја чекавме толку многу, дојде и помина многу брзо. Сѐ помина одлично, сите присутни беа многу задоволни, а и генерално беше една многу весела свадба каде што сите беа константно на подиум. Јас и Гуте сме среќни сто сѐ помина онака како што очекувавме. Со оглед на тоа што за две недели влегувам во седмиот месец, еднаш не седнав на свадбата, се изморив, но тоа беше наш ден и максимално му се посветив. Сега е време да одмараме. Со Гуте го пеевме нашиот прв танц, така ја отворивме свадбата, со песната Perfect од Ed Sheeran, а потоа целата журка ја препуштивме на музиката која беше извонредна. Со оглед на тоа што и ние сме пејачи решивме дента да одмориме од пеење и да се развеселиме како што доликува“, ни раскажа Елена. Граѓанскиот брак, таа и Гуте го склучија во Србија, во неговиот роден град во Војводина.
„Бременоста ја поминувам супер. Се чувствувам одлично. Многу сум активна и никогаш не сум се чувствувала поубаво, среќно и толку сакано“, додава тааа.
Пејачката, која во натпреварувањето на музичкото шоу стаса до четвртиот круг, вели дека би сакала таа и сопругот да заминат на меден месец, но не се во можност да патуваат сега.
„ Сакаме да се вратиме прво дома, во нашиот стан во Белград и да почнеме со припремите за новиот член Маринковиќ, кој за брзо ни доаѓа“, додава пејачката. Нејзиниот сопруг, во „Ѕвездите на Гранд“ стаса до полуфиналето и потпиша договор со продукцијата.
Елена се сеќава на својата прва средба со Гуте, за која вели дека е судбинска.
„ Се запознавме минатата година преку една наша заедничка пријателка. Таа договори заедничка проба на која работевме и се подготвувавме за музичкото шоу во кое учествувавме и двајцата. Се случи искра на прв поглед. Се дружевме шест месеци, а потоа стапивме во врска. Едноставно знаев дека тој е тој, од моментот кога прв пат го запознав, иако многу луѓе не верувааг во љубов на прв поглед. Јас верувам и во тоа а исто така верувам и во сродни души и знам дека јас ја пронајдов мојата“, раскажува Елена и вели дека ги сака сите особини на својот сопруг, а најмногу е вљубена во неговата добрина.
(М.Џ.)