Го обвини Депардје дека ја силувал па си го одзеде животот: Покрената е истрага за смртта на актерката
Актерката Емануел Дебевер почина на 7 декември, денот кога беше закажана дополнителна истрага против Депардје.
Отворена е истрага за смртта на актерката Емануел Дебевер (60), која го обвини Жерар Депардје за сексуално насилствo.Емануела Дебевер почина на 7 декември, денот кога беше поставена дополнителната истрага за Депардје.
Актерката првпат го обвини познатиот актер за насилство на Фејсбук во 2019 година.
Според француските медиуми, партнерот на Емануел на 29 ноември пријавил во полиција дека излегла од куќата и дека нашол „вознемирувачка порака“. Потрагата по неа веднаш започнала.
Недолго потоа било утврдено дека жената која скокнала од мостот Сена е всушност актерка.
Според извори од истрагата, таа била извлечена од водата, а пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот ја реанимирале и била префрлена во болница, каде починала на 7 декември.
„Во тоа време медиумите го споменаа фактот дека оваа актерка се пожалила на недоличното однесување на Жерар Депардје, особено преку објава на Фејсбук во 2019 година“, додаваат од обвинителството.
„Според овие елементи, започна истрага за причините за смртта и околностите кои довеле до смртта“, соопшти обвинителството.
Фото: screesnshot