Го освои во средно училиште, му роди три деца: Оваа убавица е сопруга на хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Победата на хрватската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Катар над „фудбалските кралеви“ Бразил го крена на нозе целиот регион.

Моќниот состав на хрватската репрезентација на Светското првенство во Катар годинава го сочинуваат момци со големо срце, а меѓу нив е и Иван Перишиќ.

Еден момент по крајот на мечот со Бразил им го украде срцето на сите, а тоа беше моментот кога неговиот син Лео Перишиќ му пријде на расплаканиот Нејмар и го прегрна.

Тоа дефинитивно беше момент кој ќе се прераскажува со години. Децата на Перишиќ мечот го следеа со нивната мајка Јосипа.

За нивната љубов често се пишуваше во хрватските медиуми. Нивната љубовна приказна започнала во средно училиште кога наводно седеле во иста клупа.

View this post on Instagram

A post shared by (@josipaperisic)


Тие го кажаа своето судбоносно „да“ во 2020-та година тајно во црквата Свети Миховил во градот Грохоте на Шолта, во пресрет на осмата годишнина од нивниот законски брак.

На чинот на црковната венчавка присуствувале само членовите на потесното семејство. Колку е скромна Јосипа говори и тоа што за таа специјална пригода оваа убава дама не избрзала да купи нова венчаница, туку го стеснила фустанот на Вивиен Вествуд, кој го носела на општинската свадба во 2012-та година.

Иван не крие колку е приврзан за семејството, а голема улога во тоа има неговата тешка животна приказна која го принудила брзо да порасне и да ги зацврсти односите со мајка му и сестра си.

View this post on Instagram

A post shared by (@josipaperisic)


Атрактивната Јосипа е позната како страсна обожавателка на Ватрените и е голем поддржувач на својот сопруг.


Иван и Јосипа се родители на две деца, синот Леонардо и ќерката Мануела, а неодамна добија и трето дете, синот Лука.

View this post on Instagram

A post shared by (@josipaperisic)


Извор: glossy.espreso.co.rs