Го откри и полот и името: Малума го очекува првото дете со партнерката Сузана Гомез

Добивај вести на Viber

Колумбиската суперѕвезда ја објави оваа голема вест преку емотивно видео за неговата најнова песна „Procura“.

Малума ја изненади светската јавност! Имено 29-годишната колумбиската суперѕвезда вчеравечер во Вашингтон објави дека го очекува своето прво дете со партнерката Сузана Гомез.

„Луѓе мои, имам изненадување за вас вечерва. Денеска ќе ја направиме светската премиера на мојот следен спот“, изјави Колумбиецот. „Ќе бидете сведоци на нешто што никој друг на овој свет не го гледа“, додаде тој. „Ќе останам овде со вас и ќе го гледаме тоа изненадување заедно“.

Фановите беа многу возбудени, а Малума исто така, па дури и плачеше. На видеото се гледа како парот го доживува патот на бременоста. Од посета на лекар до кажување на семејството, па дури и споделување на името на детето, па идните родители може да се видат како поминуваат низ различни емоции. Очекуваат мало девојче!

Она што може да се види на видеото е дека и двајцата носат персонализирани ѓердани со името „Парис“.


View this post on Instagram

A post shared by MALUMA (@maluma)