Го победи ракот, по трет пат: Нада Обриќ тврди дека сѐ е до психата

Српската пејачка Нада Обриќ го победи ракот на мочниот меур, а сега откри дека ги поминала сите терапии и се чувствува добро.

- Се вратив од Виена, ги направив сите прегледи, сè е во најдобар ред и затоа сум среќна и горда. Трет пат успеав да го победам ракот. Добро сум, малку сум исцрпена, но штом ќе се вратам дома, сè е подобро - вели Нада и додава дека е благодарна на семејството:

- Да бидам искрена, првиот, вториот и третиот пат знаев дека ќе победам, иако беше критично, се борев во последните секунди. Не беше лесно, но психата е чудо! Не можам да си објаснам. Ми рекоа дека ми останува малку време. Ништо од ова не беше кажано така пред мене, ама тоа се гледа во очите, во однесувањето, може да се види кој сака да види. Јасно ми беше онолку колку што ми криеја. Лесно е да се разбере. Одлучив да победам. Дали е храброст или лудило, не знам. Моите деца беа исплашени... Нема да ги заборавам погледите на внуците, тој ужас во моите очи ... Пораката што му ја испрати 16-годишната Наталија, полна со љубов. Тогаш морав да се борам, имав луда желба - рече Нада.

Извор: Блиц